МНР на Русија ги откажува консултациите со Јапонија поради санкциите

Русија ги откажа планираните руско-јапонски консултации поради новите санкции од Јапонија против Русија, се пренесува на официјалната интернет-страница на МНР на Русија.

Русија ги откажа планираните руско-јапонски консултации поради новите санкции од Јапонија против Русија, се пренесува на официјалната интернет-страница на МНР на Русија.

„Во периодов Москва планираше руско-јапонски консултации на ниво на заменици на министри на МНР на двете држави. Сепак, поради последните донесени санкции од Токио против Русија, сметаме дека спроведувањето на таквата средба веќе е неумесна“, се кажува во соопштението.

Јапонската страна веќе е информирана за решението.

Во новиот список санкции на Јапонија против Русија се вклучени 40 физички лица и две компании. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња