Американскиот произведувач на газирани пијалаци, The Coca-Cola Company, од август ја повлече рекламата од четири федерални телевизиски канала во Руската Федерација, пишува весникот „Комерсант“.
„Во Кока-Кола настојуваат на тоа дека тоа е само економско решение и дека не е поврзано со санкциите“, се забележува во соопштението.
Под удар на таквото економско решение на Кока-Кола, еден од најголемите рекламодавачи на рускиот пазар со годишен буџет од повеќе од 2,5 милијарди рубљи се најдоа телевизиските канали РЕН ТВ, „Петти канал“, „Домашен“ и „Ѕвезда“.
Според учесниците на пазарот, средствата ќе бидат прераспределени на други руски канали.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче