САД сметаат дека новите санкции не ја изменија политиката на Русија околу Украина

Портпаролот на Белата куќа, Џон Ернест, изјави дека новите санкции на САД кон Русија не довеле до промени на политиката на Москва околу Украина, пренесува РИА „Новости“.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Ернест, изјави дека новите санкции на САД кон Русија не довеле до промени на политиката на Москва околу Украина, пренесува РИА „Новости“.

„Има неколку показатели кои го демонстрираат влијанието на санкциите врз економијата. Што се однесува до неговото влијание врз режимот (претседателот на Русија, Владимир Путин) врз Украина, ние не видовме никакви дејства кои би посакувале да ги видиме“, изјави Ернест на брифингот во Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа повторно ја повика Русија да влијае на „сепаратистите“, односно истите да го прекинат огнот и дипломатски да се договорат за прекин на конфликтот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња