МНР на РФ: Киев сака продолжување на војната и не го интересира животот на цивилите

Министерството за надворешни работи на Русија смета дека властите на Киев сакаат продолжување на војната и дека не ги интересира животот на обичните жители, пренесено е на интернет-страницата на МНР.

Министерството за надворешни работи на Русија смета дека властите на Киев сакаат продолжување на војната и дека не ги интересира животот на обичните жители, пренесено е на интернет-страницата на МНР.

„Како резултат на казнената операција на киевските власти, поттикната и од западните спонзори на режимот, постојано животите ги губат цивили, има значаен број ранети и разрушена инфраструктура. Во регионот се продлабочува хуманитарната криза“, се кажува во соопштението.

Зборувајќи за многубројните факти за вооружените дејства на украинската армија, Москва изјавува дека Киев е заинтересира за продолжување на војната.

„Киевските власти не ги интересира животот на цивилите. Киев сака да ја продолжи војната. Поради тоа е воведен новиот воен данок од 1,5%“, изјавено е во МНР.

Според податоците на МНР на Русија, украинската армија продолжува кон Донецк да носи нови комплекси - „Точка У“, како и „Смерч“ и „Ураган“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња