Германското Министерство за стопанство ја прекина реализацијата на договорот меѓу одбранбениот концерн "Rheinmetall AG" и руската војска за изградба на центар за борбена обука на копнените единици во населбата Мулино во Нижегородската област, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на германскиот весник "Suddeutche Zeitung".
Било предвидено во овој центар да се обучат до 30.000 војници годишно, пишува весникот. Вредноста на договорот е проценета на 120 милиони евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.