Преминувањето на границата од страна на 438 украински војници во Русија зборува за неприфатливоста на наредбите на киевските власти за војување против сопствениот народ, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на зборовите на Сергеј Лавров.
„Ние многукратно им помагавме на украинските војници кои досега побарале помош, им дававме медицинска поддршка, а тие кои посакаа да се вратат - ги враќавме веднаш. Никого со сила не сме го држеле“, изјави Лавров, додавајќи дека тие кои подоцна се враќале во Украина биле обвинувани за дезертерство.
Претходно ФСБ објави дека 438 украински војници побарале од руските граничари прибежиште во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче