Изјавата на руските официјални лица дека западните санкции за рускиот бизнис ќе бидат само „празни зборови“ се покажа дека не лежи на цврста основа.
Поради новите санкции на ЕУ, прекина со работа единствената руска нискобуџетна компанија „Добролет“ - компанијата ги изгуби договорите за испорака на авионите, нивно техничко опслужување и осигурување. Сега „Аерофлот“, кому припаѓа компанијата, треба да превезе 65.000 патници, а на останатите ќе им ги врати билетите и средствата.
Санкциите на ЕУ против „Добролет“ се објаснуваат со летовите од Москва во Симферопољ, со што нискобуџетната фирма „ја олеснила интеграцијата на Крим во РФ“. Санкциите ги ограничуваат финансиските ресурси и активите на компанијата во ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче