Русија донесе закон за второ државјанство

Процедурата за известување на државата за добиено второ државјанство засега не е целосно определена.

Законскиот проект за двојно државјанство, одобрен од Државната дума во мај, веќе стапи на сила. Отсега лицата кои имаат и други државјанство освен руско, треба во период од два месеца од денот на добивање на второто државјанство писмено да ја известат за тоа Федералната служба за миграција. Во спротивно, ги очекуваат големи казни, како и административна и кривична одговорност.

Законот за државјанство е дополнет со член кој ги обврзува сите оние кои имаат и друго државјанство освен руското, во рок од два месеца од денот на добивање на странското државјанство писмено да ја известат ФМС. Во спротивно, казна од 200.000 рубљи е предвидена за оние кои нема да го направат тоа, како и казна затвор до една година, или општествена корисна работа во период од 400 часа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња