Пилотиран лет на Месечината ќе ја чини Русија околу 100 милијарди рубљи (2 милијарди евра), пренесува РИА „Новости“, пренесувајќи ги зборовите на Игор Митрофанов, шеф на одделот за нуклеарна планетологија при Институтот за вселенски истражувања во Руската академија на науки.
„Цената на еден проект за создавање автоматска месечева станица изнесува 10 милијарди рубљи, а проектот се создава во текот на пет до шест години. Пилотираниот лет на Месечината ќе чини 10 пати повеќе“, изјави Митрофанов.
Митрофанов забележа дека пред да се изврши пилотиран лет, треба „повторно да се учи слетувањето на Месечината“, а за тоа се потребни автоматски лунарни станици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче