Довербата кон Русија од страна на Германија е „забележително нарушена“, изјави шефот на Министерството за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер. Притоа, тој истакна дека продолжението на дијалогот со Русија не треба да се гледа како знак на „политична наивност“, пренесува Лента.ру.
„Без учество на Москва многу е тешко или дури невозможно да се дојде до политичко решение на украинската криза“, прецизираше Штајнмаер. Според неговите зборови, тој ги продолжува преговорите со Русија околу ситуацијата на југоистокот на Украина, и очекува реакција од Москва околу прашањето за европските санкции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче