Два советски сателита ќе паднат на Земјата на 4 август

Советскиот воен сателит за рано предупредување за ракетен напад „Космос-903“ на 4 август ќе падне на земјата после завршувањето на периодот на негова експлоатација, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на податоците на американскиот Систем за контрола на вселенското пространство.

Според податоците, сателитот ќе влезе во густите слоеви на атмосферата некаде над Беринговото море.

Се очекува при влегувањето во атмосферата сателитот да се распадне, а неговите поголеми фрагменти да паднат на површината на Земјата.

Исто така, на 4 август ќе падне уште еден сателит - „Космос-1151“. Тој ќе влезе во густите слоеви на атмосферата над Карското море. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња