Британија и САД ќе го проверат небото над Русија

Авион на Велика Британија и САД ќе изврши лет над територијата на Русија во рамките на договорот за отворено небо, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на началникот на националниот центар за намалување на нуклеарната опасност, Сергеј Рижков.

„Во периодот од 4 до 8 август заедничката мисија на Велика Британија и САД ќе изврши набљудувачки лет над територијата на Русија со шведскиот авион СААБ-340. Во текот на летот по претходно установена маршрута специјалистите во авионот ќе го контролираат строгото почитување на усогласените параметри на летот“, забележа Рижков.

Договорот за отворено небо е склучен меѓу 34 држави - членки на ОБСЕ. Тој има за цел да ја зацврсти довербата меѓу државите. Освен тоа, шведскиот авион на кој ќе се изврши летот над Русија не е опремен со оружје и ја помина меѓународната сертификација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња