Ширум Русија ќе се одржат масовни воени обуки

Министерството за одбрана на Русија најави дека во периодот од август до октомври во сите воени окрузи ќе се одржат масовни воени обуки за сите кои припаѓаат во резервниот состав.

Министерството за одбрана на Русија најави дека во периодот од август до октомври во сите воени окрузи ќе се одржат масовни воени обуки за сите кои припаѓаат во резервниот состав.

„Обуката за основните воени вештини ќе се одржува два месеца директно во воените единици“, соопшти воениот ресор.

Резервистите ќе се запознаат со новите и модернизирани модели на вооружување, воена и специјализирана техника. Вежбите ќе се одржуваат за време на стратешките командно-штабски вежби „Исток-2014“.

Во министерството за одбрана истакнуваат дека овие мерки се планирани уште во минатиот ноември, кога бил составен планот за обука на Вооружените сили на Русија за 2014 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња