Белгиската месна индустрија загуби 40 милиони евра поради руското ембарго

Белгиските произведувачи на месо загубија 40 милиони евра поради ембаргото од Руската Федерација за свинско месо, се пренесува на интернет-страницата на федерацијата за производство на месо во Белгија.

Од Белгија забележуваат дека во моментов белгиските произведувачи имаат вишок непродадени производи. Ако не биде решено прашањето за испорака на месото во Русија, Белгија ќе се соочи со зголемен број на невработени во таа област.

Во јуни годинава Русија не го прифати барањето за ЕУ за разрешување на забраната за испорака.

Испораката на свинско месо во Русија од ЕУ беа забранети од Русија на 30 јануари годинава. Причината за ова беше африканската чума кај свињите, забележана во Летонија и Полска.

Претходно беше соопштено дека свињарската индустрија во ЕУ загубила 580 милиони евра поради забраната за увоз на свинско месо во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија