Русија воведе царина за стоката од Молдавија

Шефот на руската влада, Дмитриј Медведев потпиша указ со кој од 30 август се воведува увозна царина за молдавското месо, овошје, зеленчук, житарки, шеќер, пиво, вино и мебел, пренесува ИТАР-ТАСС.

Шефот на руската влада, Дмитриј Медведев потпиша указ со кој од 30 август се воведува увозна царина за молдавското месо, овошје, зеленчук, житарки, шеќер, пиво, вино и мебел, пренесува ИТАР-ТАСС.

На списокот се наоѓаат 19 ставки. Висината на царината ќе биде аналогна на висината на царината на стоката од земјите со кои Русија применува режим на ниски царински стапки во трговско-политичките односи.

 Претходно стоката од Молдавија немаше никакви увозни царини, бидејќи Русија со таа земја имаше договор за слободна трговија. Воведувањето царина е поврзано со асоцијацијата на Молдавија со Европската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња