Министерот за земјоделство на Полска, Марек Савицки упати на европскиот комесар за земјоделие и развој на селото, Дачан Чолош официјално писмо со барање за компензација за загубите кои се предизвикани од ограничувањето на увозот за овошје и зеленчук од страна на Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на прес-службата во ресорот.
Министерот за земјоделство на Полска смета дека проблемот со испораките на земјоделски производи во Русија може да биде решен на ниво на ЕУ.
Во соопштението на прес-службата се наведува дека станува збор за „полското овошје и зеленчук, особено за јаболката“. Савицки смета дека не смее да се дозволи „главни жртви на економските и стопанските ограничувања на ЕУ и САД да бидат полските земјоделци“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче