Норвешка изјави дека планира да се приклучи на програмата за економски санкции на ЕУ против Русија, пренесува Ројтерс. Скандинавската држава испорачува во Русија храна и технологии за производство на нафта и гас.
Норвешка не е членка на ЕУ, но има тесни деловни врски со Русија. Нејзината државна нафтена компанија Statoil планира заедничко истражување и разработка на нови наоѓалишта со „Роснефт“ на Арктикот.
„Од моментот на незаконското анектирање на Крим во март, на Норвешка ѝ стана јасно дека треба да ја поддржи политиката н своите сојузници и партнери поради незаконските дејства на Русија во Украина“, изјави министерот за надворешни работи на државата, Борге Бренде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.