Известија: во Русија поради жештините може да се појави недостиг од сладолед

Аномално високите температури во јули доведоа до раст на побарувачката на сладолед во Русија.

Аномално високите температури во јули доведоа до раст на побарувачката на сладолед во Русија. Според оценките на експертите, продажбата во овој месец пораснала за 20%. Резервите сладолед, кои традиционално се насобираат во периодот од март-април, веќе се истрошени, а претпријатијата работат во две-три смени за да се задоволи зголемената побарувачка. Ова го пренесува „Известија“, повикувајќи се на генералниот директор на Асоцијацијата на произведувачи на сладолед во Русија, Валериј Елхов.

„Што се однесува со продажбата во првите шест месеци до 2014 година, тие се пријатно изненадување за продавачите на сладолед. Продажбите пораснаа за 9% во споредба со првите шест месеци од 2013 година – односно 245.000 тони сладолед. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња