Владата на Германија реагираше на плановите на Русија за зголемување на цената на енергенсите како одговор на санкциите, изјавувајќи дека зголемувањето на цената на гасот може да се случи само доколку се склучи нов договор, пренесува порталот vz.ru.
„Во моментов нема причина за загриженост поради овие изјави“, изјавија претставниците на министерствата за економија на Германија, пренесува "Deutsche Welle".
Во документот, исто така, се наведува дека нема причина да се очекува дека испораките на нафта и гас од Русија и Германија ќе бидат ограничени. Министерството за економија потсетува дека испораките на гас во Германија се регулираат врз основа на долгорочни договори, од кои некои важат до 2035 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче