Арктик санрајз ја напушта Русија после девет месеци

После девет месеци поминати на пристаништето во Мурманск на северозападот на Руската Федерација, мразокршачот ги напушти руските води. Гринпис соопшти дека бродот во моментов плови накај Амстердам.

После девет месеци поминати на пристаништето во Мурманск на северозападот на Руската Федерација, мразокршачот ги напушти руските води. Гринпис соопшти дека бродот во моментов плови накај Амстердам.

Активистите на оваа организација се обидоа на 18 септември минатата година да се качат на платформата Приразломнаја, каде планираа да одржат протест поради експлоатацијата на нафта на Арктикот. Нивната акција беше попречена од припадниците на руската гранична служба.

Сите 30 активисти беа уапсени. Против нив беа покренати кривични пријави, но покасно обвинувањата беа повлечени. Во декември минатата година тие беа ослободени врз основа на амнестијата по повод 20-годишнината од Уставот на РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња