Во Нови Сад на 4 август ќе се отвори бифе, именувано во чест на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на телевизискиот канал РТС.
На натписот „Путин“ ќе се најде и портретот на шефот на руската држава.
Сопственик на бифето е Радивое Милјаниќ. Тој во интервју за РТС изјави дека во Нови Сад живеат многу млади луѓе кои го почитуваат рускиот лидер, „има многу русофили и луѓе кои го обожаваат рускиот претседател“.
Според него, „нема ништо спорно во името на бифето“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.