Полска смета дека забраната за извоз на овошјето од оваа земја во Русија е политичко решение

Министерството за земјоделство на Полска смета дека забраната за извоз на овошје од Полска во Русија, која треба да стапи на сила на 1 август – е „политичко решение“ поради санкциите воведени од Европската унија. Ова го изјави министерот за земјоделство на Полска, Марек Савицки.

Според неговите зборови, полскиот извоз е диверзифициран и на рускиот пазар се извезуваат не повеќе од 7% од овошјето.

Во новите услови земјата ќе ги испорачува своите производи на азиските, арапските и американските пазари.

Претходно Русија го забрани увозот на речиси сите видови овошје и зеленчук од Полска поради повеќе забележани нарушувања на сертифицирањето. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња