Медиуми: Русија и Германија создаваат тајни планови за разрешување на кризата во Украина

Русија и Германија создаваат „таен“ план за мирно регулирање на кризата во Украина, пишува The Independent.

Русија и Германија создаваат „таен“ план за мирно регулирање на кризата во Украина, пишува The Independent, повикувајќи се на извори. Како што забележува британскиот весник, основните цели на овој документ се да се стабилизираат границите на Украина и да се нормализира економијата на државата (благодарејќи на новиот енергетски договор со кој ќе се гарантира безбедноста на испораките на гас).

Еден од „противречните“ делови на овој план е неопходноста од признавање на Крим од меѓународната заедница како дел од Русија, се кажува во статијата.

Според зборовите на изворите, на тајните преговори се разговара за прекин на руската помош за припадниците на народната одбрана во Украина, предавање на власта во регионот на некои „преодни“ структури, откажување на Киев од обидите да стапи во НАТО, како и откажување на Русија од „мешање“ во новите трговски односи меѓу Украина и ЕУ.

Освен тоа, една од темите е и долгорочниот договор со руски „Гаспром“.

Изворите изјавуваат дека обидите на германската канцеларка да учествува како посредник меѓу претседателите на Украина и Русија се нашле на втор план после падот на малезискиот Боинг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња