Иако ризикот за тоа е мал, Алијансата не е подготвена на соодветен начин за евентуален напад на Русија врз една од нејзините членки, стои во извештајот на Комитетот за одбрана во владата на Велика Британија.
„Ризикот од напад на Русија врз некоја држава-членка на НАТО засега е мал, но постои. Ние не сме доволно сигурни дека НАТО е подготвен за таквата опасност“, пренесува РИА „Новости“. Според мислењето на авторот на извештајот, тактиката на Русија брзо се менува и вклучува и сајбер напади, информатичка војна, поддршка на народната војска, како и учество во случувањата на истокот во Украина.
Во извештајот стои дека НАТО има сериозни мани во структурата на управување, како и недоволна способност за предвидување опасност. Постои уште еден проблем – не постои заедничка политичка волја на лидерите на државите-членки на НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче