Земјите на Г-7 се залагаат против финансирањето на Русија од страна на Светската банка, пренесува "Lenta.Ru", повикувајќи се на агенцијата „Блумберг“.
Светската банка во моментов го разгледува прашањето за организација на десет проекти во Русија со вкупна вредност од 1,34 милијарди долари, меѓу другото, и во областа на претшколското образование и унапредување на енергетската ефикасност. Уште десет проекти се во фаза на реализација.
Земјите од Г-7, како што наведува „Блумберг“, во Светската банка располагаат со преку 40% од гласовите, така што би можеле да го блокираат носењето одлуки во советот на директори на банката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче