Кремљ се подготвува за засилена меѓународна изолација, пишува The Wall Street Journal. Според мислењето на американскот весник, Москва се судри со нови проблеми на „два фронта“. Прво – на истокот на Украина народната војска трпи загуби, второ – САД и Европа подготвуваат нови санкции, се кажува во статијата.
Претходно беше соопштено дека претседателот на Украина, Петро Порошенко, изјави дека украинската армија ја ослободиле Степановска од силите на самоодбраната. Од друга страна, министерот за одбрана на самопрогласената Донецка народна република, Игор Стрелков изјави дека во реонот на градовите Шахтјорск и Торез продолжуваат битките меѓу силите на народната одбрана и украинската армија.
Според мислењето на весникот, Кремљ започна со подготовки на Русите за меѓународна изолација. Како пример за тоа весникот го цитира рускиот претседател, кој изјави дека Русија може самостојно да ги произведува сите потребни делови за одбранбено-индустрискиот комплекс, со што државата се осигурува од политички ризици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче