Западни медиуми: гневот на Кремљ падна на McDonald’s и Wendy’s

Гневот на Кремљ падна на двете најголеми американски мрежи ресторани за брза исхрана, McDonald’s и Wendy’s, пишува The Los Angeles Times. Како што смета американскиот весник, првата од овие компании се најде под „политички микроскоп“, а втората е приморана да замине од Русија поради „влошените односи“ со државата-домаќин.

Претходно беше соопштено дека после објавувањето на забелешките кон McDonald’s од страна на Федералната служба за заштита на правата на потрошувачите во Русија, извршени се засилени проверки на продуктите кои пристигнуваат во државата, наменети за оваа фирма. Исто така, соопштено е дека Wendy’s заминува од рускиот пазар после три години работа во него, иако компанијата изјави дека решението за заминување нема никаква врска со политиката.

Според мислењето на весникот, „необјавената војна против американскиот чузбургер“ е продолжение на тенденциите кои се забележуваат во последниве две години. Станува збор за дејства на руските власти против американскиот бизнис и против американските интереси во Русија, смета изданието, додавајќи дека непријателството меѓу Москва и Вашингтон достигна максимум од времето на „студената војна“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња