Секторските санкции на ЕУ против Русија ќе стапат на сила на 31 јули, соопштува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извор во Советот на ЕУ.
Според зборовите на изворот, секторските санкции против Русија беа одобрени на 29 јули за време на средбата во Брисел и ќе бидат утврдени од Советот на Европската унија по пат на писмена процедура (без свикување на самит).
Претходно беше соопштено дека новите санкции против Русија ќе се однесуваат на нафтената сфера, одбранбено-индустрискиот комплекс, производството за двојна намена и неколку технолошки сфери. Притоа, санкциите можат да бидат повторно разгледани за 3 месеца.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче