САД официјално ја обвини Русија за кршење на Договорот за ликвидирање на ракети

Белата куќа официјално ја обвини Русија за кршење на Договорот за ликвидирање на ракетите од среден и мал домет, изјави официјалниот претставник во Белата куќа, Џош Ернест.

Белата куќа официјално ја обвини Русија за кршење на Договорот за ликвидирање на ракетите од среден и мал домет, изјави официјалниот претставник во Белата куќа, Џош Ернест.

Вчера The New York Times, повикувајќи се на високи извори во Белата куќа, напиша дека Русија го нарушила тој Договор кога тестирала крстосувачки ракети. The New York Times соопшти дека се работи за лансирања од 2008 година, кога Москва тестирала крстосувачки ракети, лансирани од земјата.

Трајниот Договор за ликвидација на ракетите од среден и мал домет во 1987 година го потпишаа Роналд Реган и Михаил Горбачов. Договорот ги обврзува потписниците да не произведуваат, тестираат и инсталираат балистички и крстостувачки ракети кои се лансираат од земја и имаат домет од 500 до 55.000 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња