Член на групата за дружба меѓу Русија и Јапонија, учесник во комитетот на Думата за наука и технологија, Михаил Дегтјарев, изјави дека Јапонија откако воведе санкции против Русија може да заборави на Курилските острови, пренесува РИА „Новости“.
Дегтјарев изјави дека е понижувачки Јапонците да ги следат политичките решенија на САД, истата таа земја која ги бомбардираше и им уби илјадници.
„Жално е јапонската влада да ги следи слепо другите држави, пред сѐ, Соединетите Американски Држави – истата земја која уби илјадници Јапонци во Хирошима и Нагасаки“, подвлече Дегтјарев.
„За никакви отстапки или острови од страна на Русија нема да се зборува, можат да заборават на тоа – наместо тоа, можат да започнат да размислуваат како ќе си го отплатуваат својот надворешен долг и како ќе ги затоплуваат своите домови“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче