Западни медиуми: На Западот му се закануваат индиректни негативни ефекти од обидите да ја казни Русија

Западните држави се во опасност од индиректни негативни ефекти поради обидите да ја казнат Русија, се кажува во забелешка на The Financial Times. Според мислењето на авторот на статијата, дури сегашниот список на дискриминаторски мерки може да има сериозни макроекономски последици.

Авторот смета дека севкупниот глобален ефект од санкциите ќе биде далеку посилен од сите сегашни оценки.

The Guardian исто така објави материјал посветен на влијанието на дискриминаторските мерки против Русија врз западниот бизнис. Според мислењето на изданието, падот на малезискиот Боинг може да стане пресвртна точка во економските односи на Москва со Западот, бидејќи досега санкциите се однесуваа само на одделни лица и компании, а сега можат да бидат опфатени цели сектори во економијата.

Како што смета весникот, „стегнувањето на економските вентили“ ќе ѝ штети на руската економија, но последиците од тоа ќе ги почувствуваат и западните компании, притоа, не само оние од енергетската и одбранбената сфера.

Освен тоа, изданието смета дека санкциите кон Москва можат да влијаат на работата на западните компании во таа земја како Boeing, Unilever, McDonald’s и Raiffeisen Bank. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња