Русија може да го забрани увозот на овошје од Европската унија

Федералната служба за заштита на правата на потрошувачите во Русија може да го ограничи увозот на овошје од државите на Европската унија, пренесува РИА „Новости“.

Федералната служба за заштита на правата на потрошувачите во Русија може да го ограничи увозот на овошје од државите на Европската унија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на помошникот на раководителот на ФС, Алексеј Алексеенко. Решението за забрана може да биде донесено до крајот на неделата.

Според зборовите на Алексеенко, во последно време во Русија од Европа зачестиле испораките на овошје со опасни содржини.

„Поради тоа постои веројатност за воведување ограничувања за нивниот увоз во Русија. Мерките можат да бидат воведени како кон сите ЕУ земји, така и кон одделни држави. Најголема зона на ризик се државите од Источна Европа“, изјави Алексеенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња