Рускиот претседател Владимир Путин даде задача на индустријата на земјата – да се забрза преминувањето кон замена на увозот. Тоа е неопходно за да се избегнат политичките ризици од неисполнување на договорите, соопшти тој на состанокот на која се разгледуваше оваа тема.
Претседателот нагласи дека се разгледани прашања кои се клучни за воената и економската безбедност на Русија, нејзината технолошка и производствена независност и технолошки суверенитет.
„Наша задача е да се заштитиме од ризиците на неисполнување на договорите ос трана на нашите странски партнери“, подвлече Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче