Нуклеарната подморница „Јасен“ отплови во Белото море

Првата повеќефункционална подморница „Северодвинск“ од проектот „Јасен“ ја напушти базата и замина на полигонот за борбена подготовка во Белото море, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на началникот на прес-службата на Северната флота, капетан Вадим Сергу.

„После заминувањето во водите на Белото море, екипажот на нуклеарната подморница ќе изврши неколку задачи пред да започне со борбено дежурство“, појасни тој.

Претходно заменикот министер за одбрана на Русија, Јуриј Борисов изјави дека Воено-морската флота на Русија до 2020 година ќе добие седум повеќефункционални нуклеарни подморници од класата „Јасен“ и осум од класата „Бореј“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња