Откажувањето на системот за управување најверојатно е причина за падот на МиГ-29 кај Астрахањ

Една од верзиите за падот на ловецот МиГ-29 крај Астрахањ е откажувањето на системот за управување на авионот, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор близок до истрагата.

Една од верзиите за падот на ловецот МиГ-29 крај Астрахањ е откажувањето на системот за управување на авионот, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор близок до истрагата.

„Најверојатно падот се случи поради дефект при извршувањето на задачите“, додаде изворот.

Во моментов истражните органи и специјалистите спроведуваат истрага за да се откријат причините за падот на авионот.

Претходно беше соопштено дека при падот на МиГ-29 загина пилотот, обидувајќи се да го спаси авионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња