Медиуми: САД индиректно признаваат дека украинските ПВО единици се наоѓале во зоната на соборувањето на Боингот

САД индиректно признаа дека системите за противвоздушна одбрана (ПВО) се наоѓале во реонот каде е соборен малезискиот Боинг, и на тој начин ги потврдија податоците од руските сателити, изјави извор во Министерството за одбрана на Русија, а пренесува РИА „Новости“.

Именуваниот извор ја коментираше изјавата на официјалниот претставник на Белата куќа, Џон Ернест за тоа дека ракетата која го соборила Боингот е лансирана од територијата под контрола на единиците на самоодбраната на истокот во Украина, и дека во моментот украинските системи за ПВО не биле активни.

„Официјалниот претставник на САД, Џон Ернест, со својата изјава индиректно призна дека во реонот на Донецк се наоѓаат украинските ПВО системи, иако тој тврди дека тие не биле активни“, изјави овој извор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња