Камерон нема ништо против СП 2018 да се одржи во Русија

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон нема ништо против Светското фудбалско првенство во 2018 година да се одржи во Русија. Тој не смета дека веќе може да се започне со бојкотот, изјавено е во прес-службата на премиерот.

Претходно потпретседателот Ник Клег, во интервју за The Sunday Times, побара на Русија да ѝ се одземе правото да го одржи светското фудбалско првенство.

ФИФА, од својата страна, го осуди можниот бојкот на светското првенство. Претставниците на оваа организација сметаат дека цел на било кој турнир, кој се одржува под покровителство на ФИФА, е промовирање на разбирање, дијалог и мир меѓу сите народи. Тие истакнаа дека одржувањето на СП во Русија би помогнало на дијалогот меѓу земјите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња