Ембаргото за испорака на оружје во Русија не може да го ослаби воениот потенцијал на државата – тоа е заклучокот до кој дојдоа експертите од Jane’s Information Group, а пренесува Associated Press.
Според извршената истрага, извозот на оружје од ЕУ во Русија во 2013 година изнесувал 583 милиони долари, што е помалку од 1% од нејзиниот воен буџет. Од тие средства, најголемиот дел е изделен за купување на носачот на хеликоптери „Мистрал“ од Франција.
Изданието пишува дека Русија во 2013 година го заземала второто место после САД според обемот на извоз на оружје, и дека самата држава ги задоволува речиси сите нејзини потреби за оружје од сопствените капацитети за производство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.