Русија од понеделник (28 јули) ќе го ограничи увозот на украинско млеко и млечни производи, изјави помошникот раководител на Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола, Алексеј Алексеенко, а пренесува РИА „Новости“.
„Извршивме советување за млекото и млечните производи и донесовме одлука од 28 јули да го ограничиме увозот на таквите производи од Украина“, изјави Алексеенко.
Тој прецизираше дека Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола веќе неколку години во лабораториската контрола кај украинските производи открива различни неправилности (микробска контаминација, остатоци од антибиотици).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче