Бројот на украински бегалци кои пристигнаа во 453 привремени сместувачки центри во Русија достигна 31.000, соопшти Министерството за вонредни состојби на Русија.
Украинските граѓани добиваат сѐ што им е потребно. За нив се пратени илјада тони хуманитарна помош. Луѓето добиваа психолошка и медицинска помош.
Од Ростовската област и Крим, каде најчесто доаѓаат жителите на југоисточните региони на Украина, со авиони на Министерството за вонредни состојби и со други превозни средства се префрлаат бегалците по нивна желба во другите региони на Руската Федерација. Досега се превезени преку 15.500 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.