Западни медиуми: падот на Боингот не е повод да се казнува Русија

Падот на малезискиот Боинг во Украина е несреќен случај, и таа трагедија не треба да се користи како повод за да се казни Русија, се кажува во статија на The Guardian. Според мислењето на авторот на статијата, кој и да ја понесе одговорноста за лансирањето на ракетата, јасно е дека тоа е „јасна случајност“. „Тоа не е нов 11 септември“, смета авторот.

Тој забележува дека и пред да бидат собрани телата на загинатите, западните политичари започнале да изјавуваат за нови санкции против Русија, за прекин на трговските односи, за депортирање на олигарсите и замрзнување на банкарските сметки. Според мислењето на авторот, Москва можеби ги поддржува припадниците на самоодбраната во Украина, но апсурдно е да се смета дека Кремљ „сакал таква трагедија“.

Авторот на материјалот додава дека барањата на Западот за нови санкции против Русија „се над сите граници на лицемерието“, бидејќи западните држави „радосно купуваат руски гас, но и ѝ продаваат на Русија оружје, бродови и други услуги“. Авторот заклучува дека единствена држава која уште во овој случај го задржала здравиот разум – е Германија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња