Ректорот на најдобриот руски универзитет подготвува образовна доктрина

Ректорот на „Ломоносов“, Виктор Садовничи подготвува образовна доктрина. Ова тој го изјави во онлајн-интервју за „Газета.ру“.

Ректорот на „Ломоносов“, Виктор Садовничи подготвува образовна доктрина. Ова тој го изјави во онлајн-интервју за „Газета.ру“.

„Неодамна на советувањето кај Дмитриј Медведев, во присуство на други ректори, ја предложив идејата за создавање образовна доктрина. Во овој момент се занимавам со проектот за тој документ. Во неговата подготовка треба да учествуваат и други ректори“, изјави ректорот на МГУ.

Според неговите зборови, таа доктрина ќе биде разгледана за конгресот на Рускиот сојуз на ректори, кој треба да се одржи во октомври.

„Јас сметам дека тоа ќе биде многу важен документ, кој ќе дозволи на професионалната заедница да го разгледа и дефинира новиот изглед на системот за образование. Тој документ нема да ги копира другите досегашни документи кои се прифатени кај нас, бидејќи тие се прифатени од административните служби и министерството. Ние сакаме да создадеме систем на образование по аналогија на светското искуство и историја. Затоа сметам дека ние создаваме доста сериозен документ, стратегија, од гледна точка на професионалците кои работат во нашиот систем за образование“, додаде ректорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња