На космодромот Плесецк во Архангелската област со два железнички состави е донесена првата ракета носач од тешка класа „Ангара-А5“, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на официјалниот претставник на Војската за воздушно-космичка одбрана, Алексеј Золотухин.
„Во моментов специјалистите на космодромот се подготвуваат за прием на новата ракета. После растоварувањето на составните делови на ‘Ангара-А5’, ќе започне подготовка за спроведување на автономни, а потоа и комплексни тестови на новата ракета“, изјави тој.
На 9 јули од Плесецк беше лансирана првата ракета носач од лесна класа „Ангара-1.2ПП“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче