Молдавија ќе обрати до СТО поради прекинот на увоз на земјоделски продукти од Русија

Молдавија планира да се обрати до Светската трговска организација (СТО) поради решението на Русија да го прекине увозот на молдавското овошје и зеленчук, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на генералниот директор на Националната агенција за безбедност на храната на Молдавија, Ион Сула.

Според него, Молдавија е обврзана да ги послуша сите барања на СТО, и затоа смета дека дејствата на Русија не се основани. Тој забележа дека постои меморандум меѓу Молдавија и Рсија, според кој се пропишани условите за извоз на земјоделски продукти од Молдавија во Русија. Сула смета дека решението за обраќање до СТО ќе биде донесено следната недела.

Претходно беше соопштено дека Федералната служба за надзор во сферата на заштита на правата на потрошувачите го забрани увозот на молдавски свежи и конзервирани продукти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња