Извор: санкциите на ЕУ против Русија нема да се однесуваат на гасот

Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, во писмо до лидерите на ЕУ изјави дека санкциите против Русија треба да ја опфатат само нафтената сфера, но не и гасната. Ова го пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извор во Европската унија.

„Мерките во областа на чувствителните технологии ќе влијаат само на нафтениот сектор поради неопходноста за зачувување на енергетската безбедност во ЕУ“, се кажува во писмото.

Претходно Амбасадорите на Европската унија се обратија до Еврокомисијата со молба да состави список на руски компании кои ќе бидат опфатени со новите санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња