Во јуни 2014 година украинските власти тајно побарале од САД и НАТО техника која е способна да ја попречи работата на радарите, благодарејќи на која руските системи за противвоздушна одбрана не можат да го наведуваат оружјето на својата цел, пишува The Daily Beast. Ова за весникот го изјави поранешниот советник на министерот за одбрана на САД, Филип Карбер.
Според него, станува збор за апаратура која создава пречки на радиолокациските системи. Таква опрема Киев барал за да се бори против зенитните комплекси кои, според нив, се испорачувале на припадниците на самоодбраната на истокот на земјата.
Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили исто така изјави дека на средбите со украинското раководство во јуни му зборувале за слична молба на Киев. Според него, таа информација му ја соопштил секретарот на Советот за национална безбедност, Андреј Парубиј.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче