Поранешниот советник на претседателот на САД за национална безбедност, Стивен Хедли, смета дека Русија треба да се казни, но не и да се изолира. Ова Хедли го напиша во статија за весникот The Washington Post.
Како што забележа експертот, соборувањето на малезискиот Боинг го привлече вниманието на светот кон припадниците на самоодбраната во Украина, за кои се претпоставува дека добиваат поддршка од Москва. Според зборовите на Хедли, цел на координираните санкции на САД и ЕУ против Русија е откажувањето на Кремљ од поддршката на самоодбраната, по што Киев ќе започне преговори со жителите на истокот во државата.
Поранешниот советник на претседателот на САД подвлече дека само еден бран санкции е малку во овој случај. Според мислењето на експертот, потребен е покомплексен приод за да се избегне „преоптоварување“, после што Русија самата ќе се „исклучи“ од Европа.
The Financial Times пишува дека после 5 дена од соборувањето на малезискиот Боинг во Украина, меѓу САД и Русија започна „информациска војна“. Москва и Вашингтон имаат различни верзии за тоа што се случи, забележува весникот.
Претходно началникот на Главното оперативно одделение во Генералштабот на Русија, генерал-мајор Андреј Караполов, изјави дека Министерството за одбран на Русија претставило податоци за објективната контрола околу ситуацијата со соборувањето на Боингот 777, и САД признале дека немаат докази за директна вмешаност на Русија во катастрофата. Според податоците на американското разузнавање, авионот, најверојатно, бил соборен по грешка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче