Варшава ја откажа Годината на Полска во Русија поради Украина

Полската влада ја откажа свеченоста по повод Годината на полската култура во Русија, планирана да се одржи во 2015 година, поради ситуацијата во Украина, изјави Кидава Блонска, портпаролка на полската влада.

„Владата така одлучи. Министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски и министерката за култура, Малгожата Омилановска, оценија дека организирањето на Годината на Полска во Русија не е возможно во сегашните услови“, изјави портпаролката на владата.

Освен тоа, откажана е и Годината на руската култура во Полска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња