Сирели: Русија ќе биде главен снабдувач на гас во Европа

Коментар на претседателот на Европското здружените за гасна индустрија и претседател на француската гасна компанија GdF Suez, Жан Франсоа Сирели за иднината на гасот во Европа.

„Сигурен сум дека Русија ќе остане еден од главните испорачувачи на гас во Европа. Тоа одговара на нашите интереси, како и на интересите на Русија“, изјави претседателот на Европското здружените за гасна индустрија и претседател на француската гасна компанија GdF Suez, Жан Франсоа Сирели во разговор со руските новинари.

За ситуацијата во Украина и транзитот на гас, Сирели изјави дека руската страна навистина сака да најде решение. „Ми се чини дека Русија бара начини да се реши конфликтот. Рускиот став е прилично присебен и промислен“, изјави Сирели. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња