Русија ги јакне своите воени сили на Крим

На Крим ќе се појават нови бродски и крајбрежни единици на Црноморската флота на Русија. Тие ќе бидат формирани на местото на претходно укинатите единици, изјави за новинарите началникот на управата на воено-морскиот штаб на Јужниот воен округ, Анатолиј Долгов.

„Постои Федерална програма за развој на Црноморската флота до 2020 година. Групацијата на руската војска на територијата на Кримскиот полуостров ќе биде зајакната. Освен тоа, во Севастопољ ќе се појави нова воена населба и база за обука на војници“, изјави Долгов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија